Технички лист на производ Издание 24/07/2014 (v1) Идентификационен број: 010303040010000008 Code: 06.01.050 Sika FerroGard -903+ Импрегнациско средство за инхибирање на корозијата (подобрена формулација) Construction Опис на Производот Употреба Карактеристики / Предности Sika FerroGard -903+ е инхибитор на корозијата кој што се нанесува на површината, наменет за користење како импрегнациско средство за армиран бетон. Sika FerroGard -903+е на база на органски состојки. Sika FerroGard -903+ продира низ бетонот и формира мономолекуларен слој на површината на челичната арматура. Заштитата со Sika FerroGard -903+ го одлага почетокот на корозијата и го намалува степенот на корозијата. Антикорозивната заштита со Sika FerroGard -903+ го зголемува животниот циклус на сервисирање и одржување до 15 години кога се користи како дел од Sika Системот на санација на бетонот и Системот за заштита. За заштита од корозија на надземни и подземни конструкции од армиран бетон За санација и одржување, како превентивна постапка, на сеуште неоштетени конструкции од армиран бетон каде што челичната арматура кородира, или е во опасност од кородирање поради влијанија на карбонизацијата или поради хлорид Sika Ferrogard -903+ е особено погодно за продолжување на времето на сервисирање на естетските вредности на рамни бетонски површини како што се историските објекти Одговара на принципот 11 по EN 1504-9 метод 11.3 (примена на средство за успорување на бетонот) Не го менува изгледот на бетонските објекти Не ја менува способноста на бетонот за дифузија на водената пареа Долготрајна заштита и трајност Може да се нанесува на површините на постоечките санации и околните области за да се спречи развојот на почетната анодизација Ги штити двете, катодна (принцип 9) и анодна (принцип 11) зона на зајакнат челик Може да се нанесува кога други опции за санација/превенција не се одржливи Економско продолжение на работниот век на армирани бетонски објекти Лесна и економична употреба, обновливо Може да се користи како дел од едноставен но ефикасен систем за санација и заштита на бетонот Длабочината на продирањето може да се тестира на самото градилиште користејќи го Sika Тест за квалитет-боја советувајте се со Вашиот локален Технички оддел за детали 1 1/5
Испитувања Одобрение / Стандарди BRE, Употреба на површински нанесен FerroGard 903+ средство за инхибирање на корозијата за да го одолжи почетокот на корозијата поради хлоридот, BRE Извештај Бр. 224-346, 2005 Mott MacDonald, Евалуација на Sika FerroGard 901 и 903+ средство за инхибирање на корозијата, Ref. 26 063/001 Rev A, April 1996. SAMARIS (Одржливи и напредни материјали за патна инфраструктура) Финален Извештај, D17a, D17b, D21 и D25a, Copenhagen, 2006 Mulheron, M., Nwaubani, S.O., Средство за инхибирање на корозијата на високо квалитетни објекти од армиран бетон, Универзитет во Сиднеј, 1999 C-Probe Systems Ltd., Изведба на средствата за инхибирање на корозијата во пракса, 2000 Податоци за Производот Oблик Изглед/Боја Пакување Проѕирна течност 20 kg канта 220 kg буре Складиштување Услови на складиштување/ Рок на траење 24 месеци од датумот на производство ако се чува правилно во неоштетени и неотворени, оригинални пакувања. Да се чува во ладна околина. Во случај на мраз (< -5 C), - може да се случи реверзибилна кристализација. Ако ова се случи, производот треба да се затопли на собна температура (+15 - +25 C), добро да се промеша за да се растопат кристалите. Технички Податоци Хемиска основа Густина Воден раствор на амино алкохоли и соли од амино алкохоли ~ 1.04 (на +20 C) Пх вредност ~ 10 Вискозитет Стапка на пенетрација ~ 24 mpa. s Истражувањата на самото градилиште и експерименталните тестови покажуваат дека Sika FerroGard -903+ може да навлегува низ бетонот со стапка на навлегување/пенетрација од неколку милиметри по ден и до длабочина од околу25 до 40 мм во еден месец. Оваа стапка на пенетрација може да биде побрза или побавна во зависност од порозноста на бетонот. Sika FerroGard -903+ навлегува низ механизмите на дифузија како во фазата на течност, така и во фазата на пареа. Напомена: Ако после нанесувањето на Sika FerroGard -903+, површината на бетонот е премачкана со заштитен слој (на база на цемент, акрил или импрегнација) или хидрофобна импрегнација, стапката на дифузија на средството за инхибирање на корозијата е намалена но не е запрена бидејќи тогаш механизмот на дифузијата ја подржува само фазата на пареа. Како што се разликува квалитетот на бетонот и пропустливоста, треба да се изведат прелиминарни тестирања на длабочината на профилот како би се проценила стапката на пенетрација. Податоци за систем Структура на системот Sika FerroGard -903+ е дел од Sika Системите за санација и заштита: Систем за санација: Контрола на корозијата на арматурата: Sika MonoTop, SikaRep repair mortars Sika FerroGard -903+ Заштита на бетонот: Sikagard Премази и или Sikagard Хидрофобни импрегнации 2 2/5
Детали за примена Потрошувачка / Дозирање Воопштено ~0.500 kg/m² (~480ml/m²). За многу густ бетон со мала пропустливост, стапката на примена на Sika FerroGard -903+ може да се намали но не смее да биде пониска од 0.300 kg/m² (290ml/m²). Да би се процениле барањата на проектот, потрошувачката и длабочината на пенетрацијата треба да се провери на самото место со користење на Sika Анализи на квалитет погледајте го соодветниот извештај. Квалитет на подлогата Бетонот треба да биде без прашина, растресити материјали, површински нечистотии, постојни малтери, цементно млеко, премази, масла и други материјали кои може да ја намалат или спречат пенетрацијата. Ако подлогата треба да се покрие со премаз, профилот на површината треба да биде способен да ја обезбеди бараната адхезија. Припрема на подлогата Одвоен, слаб, оштетен или лош бетон треба да биде саниран со употреба да Sika MonoTop, SikaTop или Sika Icoment малтери. За натур бетон или бетон кој што треба да биде премачкан со премаз или хидрофобна импрегнација потребно е да се бетонска површина очисти со воден млаз со притисок (до 18 MPa 180 бара) За бетон кој што треба понатаму да биде прекриен со цементни материјали, потребно е да се бетонската површина очисти со абразивни техники или со воден млаз под висок притисок (до 60 MPa 600 бара). Да не се користи топла вода. За оптимална пенетрација, подлогата треба да се осуши пред нанесувањето на Sika Ferrogard -903+. Напомени за примена / Ограничувања Температура на подлогата Температура на воздухот +5 C min. / +40 C max. +5 C min. / +40 C max. Упатства за примена Мешање Начин на нанесување/алати Sika FerroGard -903+ се испорачува како готово средство за употреба и не смее да се растворува. Материјалот не треба да се протресува пред употреба. Sika FerroGard -903+ треба да се нанесува со четка, валјак или со опрема под низок притисок или опрема за безвоздушно прскање до заситување. По нанесувањето на последниот слој, штом површината добие мат изглед, да се врши чистење со вода под низок притисок (вода од црево) Наредниот ден по нанесувањето, третираната површина треба да се очисти со вода под висок притисок (~ 10 MPa 100 бара). Чистење на алати Користете вода за чистење на алатот и опремата веднаш по употреба. Стврднатиот / исушен материал може да се одстрани само механички. 3 3/5
Време на чекање/нанесување нареден слој Број на премази: Ова е во зависност од порозноста и содржината на влагата на подлогата како и од временските услови. Вертикални површини: Нормално, потребни се 2 до 3 слоја за постигнување на бараната потрошувачка. Во случај на густ бетон, можеби ќе треба да се нанесат дополнителни слоеви. Хоризонтални површини: Површината треба да се засити со 1-2 слоја, внимавајте да не се створат бари. Време на чекање помеѓу слоеви: Ова е во зависност од порозноста и содржината на влагата на подлогата како и од временските услови, нормално 1-6 саати. Дозволете и на површината да се осуши до мат влажен изглед. Нанесување нареден слој: Ако нанесувањето е извршено како што е погоре опишано, не е потребен дополнителен третман пред нанесувањето на наредниот слој со Spikenard хидрофони импрегнации, Spikenard премажа за дишење или Seafloor производи (Погледајте го соодветниот технички лист на производот за детали на употреба) Ако треба да се нанесуваат премажи не од Sitka, Ве молиме контактирајте го техничкиот оддел на производителот за конфирмација на компатибилноста со Sitka Fireguard -903+ или вршете проби на самото место за компатибилност и адхезија. Кога Sitka Fireguard -903+ се користи за санација или пред нанесување на цементни слоеви, може да се користи системот на Sitka за санација и нанесување на слоеви. Стандардната припрема (претходно влажнеење) треба да се применува. Кога се користи премаз за израмнување/пополнување на порите преку површината третирана со Sika FerroGard -903+, можат да се користат производите како што се: SikaTop -121, Sikagard -720 EpoCem или Sika MonoTop -107, SikaTop -Seal 107, Sika MonoTop -620, и др. Цементните малтери за нивелирање треба да се користат само ако постои добро припремена текстурирана површина која е целосно очистена од остатоци. Ако се користат други Sika производи, се препорачуваат проби на самото место за да се потврди припремата и соодветноста. Ако треба да се нанесуваат премази не од Sika, Ве молиме контактирајте го техничкиот оддел на производителот за конфирмација на компатибилноста со Sika FerroGard -903+ или вршете проби на самото место за компатибилност и адхезија. Напомени за примена / Ограничувања Не нанесувајте кога се очекува дожд или мраз. Следниве градежни материјали мора да бидат заштитени од прскање со Sika FerroGard -903+ за време на примена: - Алуминиум, бакар, поцинкуван лим, мермер и други слични природни камења. Видливите дефекти на бетонот (лушпи, пукнатини и сл.) мора да се санираат со употреба на конвенционални начини на санација (отстранување на контаминиран бетон, третман на арматурата,репрофилирање и сл.). Алтернативно на методот опишан погоре, Sika FerroGard -903+ може да се користи после санационите работи (по стврднувањето на материјалот за санација) свежо санирата површина можеби не ќе треба да се третира со средство за инхибирање на корозијата. Ако ова сепак е извршено, во пределите каде што е извршена санацијата може да се очекува намалена дифузија. Вообичаената максимална содржина на хлоридот во арматурата е 1% од тежината на цементот без хлоридни јони (што содејствува на 1.7% од содиум хлорид). Над оваа граница, во согласност со условите на самото место и од нивото на корозијата, треба да се размисли за зголемена потрошувачка на Sika FerroGard -903+. Треба да се извршат проби и пресметка на корозијата како би се потврдила потрошувачката и ефикасноста 4 4/5
За да се обезбеди ефикасна заштита, концентрацијата на Sika FerroGard - 903+ во арматурата треба да биде минимум 100ppm кога пресметките се вршат со јонска хроматографија детален начин е на располагање по барање. Да не се користи во зони со појава на плима и осека или на подлоги заситени со вода. Да се избегнува примена на директно сонце и/или силен ветер и/или дожд. Да не се нанесува на бетон кој што е во контакт со вода за пиење. Во зависност од условите на подлогата, нанесувањето на Sika FerroGard - 903+ може да доведе до слабо темнеење на површината. Продолжете со прелиминарни тестирања. Сите третмани на површините треба да се вршат со користење на ладна вода. Construction Детали на нега Постапка на негување Напомена Локални ограничувања Животна седина, здравје и безбедносни информации (REACH) Правни Напомени Sika FerroGard -903+ не бара некоја посебна нега но мора да се заштити од дожд најмалку 4 саати. Сите технички детали наведени во овој Технички лист на производот се базирани на лабораториски испитувања. Стварните измерени податоци може да варираат во зависност од многу фактори кои се вон наша контрола. Молиме, имајте во вид дека како резултат на специфични локални регулативи перформансите на овој производ може да варираат од земја до земја. Молиме консултирајте го локалниот технички лист за точен опис на полето на примена. За информации и упаства за безбедносна употреба, складирање и уништување на хемиски производи, корисниците треба да се однесуваат според најновиот Безбедносен лист (Safety Data Sheet, SDS) кои содржи физички, еколошки, токсиколошки и останатите сигурносни важечки податоци. Информациите, и особено, препораките во врска со примена и крајна употреба на производите на Sika, се дадени со добра верба и се базираат на актуелните сознанија на Sika и искуства за производите кога се правилно складирани, употребени и применувани под нормални услови во согласност со препораките на Sika. Во пракса, разликите во материјалите, подлогите и вистинските услови на лице место се такви да никаква гаранција во однос на неодговорна куповина или погодност за соодветна примена, ниту било која одговорност што произлегува од било кој правен однос, не може да настане од оваа информација, или било која пишана препорака, или од било кој понуден совет. Корисникот на производот мора да изврши тестирање за погодноста на производот за предвидената примена и цел. Sika го задржува правото да ги менува својствата на нејзините производи. Правата на сопственост на трети лица мора да се почитуваат. Сите нарачки се прифатени под услови на наши тековни услови на продажба и испорака. Корисниците мора секогаш да се повикуваат на најновите изданија од локалните Технички листови за предметниот производ, копии кои ќе бидат доставени на барање. Sika Hellas ABEE Protomagias 15 Kryoneri 145 68 Athens - Greece Tel: +30 210 81 60 600 Fax: +30 210 81 60 606 www.sika.com 5 5/5